ВИДЕО I Португалците со убедлив триумф над Турција за осминафинале


Фудбалската репрезентација на Португалија со убедлива победа од 3:0 на средбата со Турција обезбеди пласман во осминафиналето на Еуро 2024. Втората победа која „морепловците“ ја оставрија на овој континентален собир, практично, им го потврди местото во елиминациската фаза.

Уште во првото полувреме Португалија направи предност од 2:0, откако Бернардо Силва погоди за водство во 21. минута, а само седум минути подоцна автогол постигна Акајдин со што Португалија на пауза замина со убедлива предност.

Иако турскиот селектор Монтела направи неколку ротации во вториот дел,не успеа посериозно да се закани кон голот на Диого Коста. Португалија, која исто така направи неколку ротации, во 55. минута стави печат на победата, откако Бруно Фернандеш по асистенција на Роналдо го погоди голот на Турција за конечни 3:0.

- Реклама -