ВИДЕО I Навивачи фатени „во живо“ како шмркаат кокаин на трибините


На социјалните мрежи кружи шокантно видео од Европското првенство!

Еден англиски навивач ја почувствува моќта на камерите и преносот во живо на своја кожа, бидејќи беше фатен како конзумира бел прав на мечот меѓу Англија и Словачка (2:1).

Англичаните беа на прагот на елиминација, губеа со 1:0, но во петтата минута од судиското надополнување, Џуд Белингем постигна гол за 1:1, а Хари Кејн во првата минута од првото продолжение направи разлика од 2:1.

На навивачите не им беше лесно, мислеа дека си одат дома, па по пресвртот и водството дојде до лудо славје на трибините.

- Реклама -