ВИДЕО I Бостон Селтикс ја одржа шампионска парада


Екипата на Бостон селтикс ја одржа шампионската парада низ улиците на градот, за најтрофејниот тим во НБА лигата ова беше рекордна 18-та титула, но само втора во последните 38 години, претходната беше во 2008 година.

Огромен број луѓе излегоа на улиците да го поздрават шампионскиот тим. Во Бостон и околината, љубителите на спортот се навикнати да слават титули.

Еден фан се пофали дека има 22 години, а учествувал на дури 13 шампионски паради благодарение на титулите на НФЛ тимот Њу Ингланд патриотс, хокеарскиот Бруинс, кошаркарскиот Селтикс и безбол тимот Ред сокс.

- Реклама -