ВИДЕО I Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд


Арманд Дуплантис нема конкуренција во дисциплината скок со стап и се натпреварува сам со себе веќе подолго време.

Неверојатниот Швеѓанец продолжи да ги поместува границите во светот на атлетиката, па така денеска во Дијамантската лига постав нов личен, но и светски рекорд.

Дуплантис ја качи летвичката за уште еден сантиметар погоре и скокна 6.26 метри неколку недели по златото кое го освои на Олимписките игри.

Мондо има само 24 години и по десетти пат во својата кариера урна еден светски рекорд, што само ни најавува дека тоа ќе продолжи да го прави и во иднина.

Дуплантис веќе одамна ги остави зад себе историските рекорди на Сергеј Бубка, па дефинитивно прераснува во човек кој постави нови стандарди во атлетската дисциплина скок со стап.

- Реклама -