ВИДЕО: Гума влета во аптека

Неисправно тркало од автомобил во движење излезе од своето лежиште, мина покрај мајка со бебе, удри во дрво, и влезе во аптека (низ вратата!), каде што погоди двајца мажи. Сé тоа без никакво предупредување, како гром од ведро небо.

Инцидентот се случи во јужната турска провинција Адана, информира Daily Sabah. Фатен е на безбедносните камери од неколку агли.

Во моментот кога влетала гумата, сопственикот на аптеката – Абдулкадир Ердеве, седел со двајца свои пријатели. Токму тие се погодените, едниот во главата, другиот во лицето.

„Ние сме аптека. Очекуваме пациенти. Наместо тоа се појави автомобилска гума. Бевме шокирани“, изјави Ердеве за Daily Sabah.

Не знам зошто, ама ова ме потсети на една мантра што постојано ја слушаме, обично од млади бизнисмени со засега успешни стартапи кои уште не му „поминале низ раце“ на животот. Старите викаат „пишано било“. Новата мантра е „сам си го креираш животот“. Реалноста е: Можеби. Сам си го креираш, додека не те удри гума што влетала низ вратата во аптеката каде случајно си седнал да се видиш со пријател. Зашто ако гумава претходно не забавела, можеше многу лесно да ги прати двајцава во кома. Или жената и бебето.

- Реклама -