Видео: Големите поплави во Србија одземаат животи

Две лица го загубија животот во големите поплави кои што ја погодија соседна Србија.

Пожарникар на 42 годишна возраст смртно настрадал во акција за спасување на реката Јасеница. Претходно, една личност го загуби животот во Белград.

Поројниот дожд непрестанува да паѓа, па го подиогна нивото на сите реки во Србија. Дождот ќе продолжи и во текот на денешниот ден, а со тоа се очекува дополнителен пораст на нивото на реките. Вонредна ситуација е прогласена во 15 општини. Од поголемите места загрозени се Ваљево, Шабац и Чачак. До сега се евакуирани околу 500 луѓе, бројни улици се затворени, а без струја живеат околу 100 илјади домаќинства.

Прочитајте и:  Вучиќ за пишувањето на Нова: Се што е напишано е лага, имаме многу фер односи со Русија

- Реклама -