(Видео) Фиорентина се оддалечува од опасната зона

Фиорентина оствари важна победа над Лацио со 1:0 во последниот натпревар од 32. коло на Серија А, стекнувајќи значајни бодови во борбата за опстанок.

Крајниот резултат беше определен во 28. минута, кога Робин Госенс се запиша во листата на стрелците, давајќи му на Фиорентина предност која се покажа како конечна.

Од самиот старт, домаќините демонстрираа поголема желба и енергија, што се исплатеше во средината на првото полувреме. По постигнатиот гол, Фиорентина исклучително дисциплинирано ја чуваше предноста, додека Лацио се обидуваше да израмни, но без конкретни закани кон голот на „Виолетовите“.

Со оваа победа, Фиорентина стигна до 35 поени, осум повеќе од тимовите во опасната зона, додека Лацио продолжува на деветтото место со вкупно 44 поени.

Прочитајте и:  Детето пренесено во критична состојба од Ченто, причините за насилството се пораки со роднина на насилникот.

Foto/ EPA