Ветеранот од Втората светска војна – 99-годишниот Орвил Роџерс, победи на USATF Masters Indoor првенството. Лут ривал му беше 92 годишниот Џексон Хемфил. Победникот се одлучуваше во фото-финиш.
Роџерс рече дека ја осигурал победата така што постојано во главата си замислувал дека прв ја поминува финиш линијата. Тоа, рече тој, го мотивирало.
„Треирам напорно и ја замислувам победата. Тоа е многу корисно, бидејќи ме насочува да ја остварам целта кон која сум се упатил“.
Ова не е прв двобој на Роџерс и Хемфил. Тие се познаваат од натпреварите уште од пред пет години. И двајцата се сложуваат дека оттогаш имаат развиено „пријателски ривалитет“.
https://youtu.be/PHNC2rmsaYQ