Гледањето на видеа со мачки има терапевтски ефект, утврдија американските научници од Медицинската школа на Универзитетот на Индијана.
Истражувачите сакале да воспостават на што се должи големата популарност на видеата во кои главни ликови се мачки. Во 2014 година само на една видеоплатформа биле поставени околу 2 милиони слични видеозаписи кои имаат повеќе од 26 милијарди прегледи.
Видеата со мачки се најбараните во глобалната мрежа, покажуваат статистичките податоци. Резултатите од истражувањето на американските научници покажа дека гледањето на слични записи има терапевтски ефект сличен на дејството на терапијата со учество на животни.
Во експериментот учествувале повеќе од 7.000 луѓе. Научниците истражувале како се менува емоционалната состојба на луѓето, откако гледаат записи со мачки како главни актери. Се покажало дека тие го намалуваат нивото на стрес, го подобруваат расположението, луѓето се соочуваат со помалку негативни емоции како зло, тага или немир.
Можеме да замислиме какви би биле резултатите од истражување на луѓе кои што чуваат мачки. Земете си некое, вреди.