Ветувам дека во Новата година…

Ќе спортувам повеќе. Ќе пијам помалку. Нема да доцнам на работа и состаноци, ќе издвојам повеќе време за себе и своите најблиски, ќе почнам да одам на театар, ќе штедам, но и ќе патувам, ќе гласам, ќе бидам трпелив , трезен, искрен и позитивен. Во … ОК, разбравме сите.

Биг Лебовски за WebCafe

Настапува подoлг период од самиот завршеток на годината, во кој продуцираме планови за следната, што вклучува шеми за сите задолжителни подобрувања и ветувања пред себе.

Ги нарекуваат “новогодишните резолуции”. Социјална традиција со корени, кои се губат во вековите.

Ветувањата за вредни, трајни и значајни лични надградувања можат да звучат болно банално, како извадени цитати од популарна книга за самопомош со меки корици.

Класичните новогодишни резолуции се рецепт за конформизам, пагански магии за просперитет и напредок, колекција од клишеа кои го поткопуваат секој обид за излез од изопачениот круг на интелектуалната мрзeливост.

Време е за алтернативни – неконвенционални следновогодишни ветувања и цели.

1. Да користам помалку епитети. Натрупаните епитети во горната реченица – “алтернативни, неконвенционални, следновогодишни” – остануваат во 2015-та. Неопходно е брзо, концизно, прагматично и точно изразување. Да.

2. Да ги осудувам пројавите на лош вкус и масовна хистерија на социјалните мрежи. Во природата постојат и квалитетни форми на хејт и јас ќе ја истражувам внимателно нивната хемиска структура и цивилизациски ефекти.

3. Ќе научам да се тепам. Не се врзувам со типичните меки и розови ветувања за идните 12 месеци, но ако мастеринг на кунг-фу не е врховна форма на физички напредок, тогаш што е?

4. Нема да научам шпански. Свечено ветувам дека и во 2016-та година нема да се занимавам со овој инаку прекрасен јазик. Te doy mi palabra *

5. Нема да се извинувам и ветувам дека ќе пијам повеќе алкохол во оние прекрасни пролетни џез петоци.

6. Ќе се изборам против саботниот мамурлак и физичка неудобност произлезена од горната ставка

Новогодишна резолуција за запознавање на длабочината на интеракциите меѓу корисната храна и човечкиот организам.

7. Да развивам алтернативно размислување.

8. Да си изберам цитат од Вуди Ален за секоја општествена ситуација.

9. Да пронајдам училишна вештина за меморирање на солидни поенти од квалитетни текстови. Без причина.

10. Ладнокрвно да го убивам чувството на вина по неуспех при исполнувањето на новогодишните ветувања.

Te doy mi palabra * – Ти давам збор.

- Реклама -