Вештачката интелигенција ќе се користи за идентификување рак на дојка

Специјалистите кои се вклучени во лекувањето на рак на дојка учествуваат во тест за тоа како може да се користи вештачката интелигенција во процесот.

Докторите од градската болница во Петерборо користат дијагностичка алатка помогната од вештачката интелигенција која ќе им помогне да ги подобра анализите на биопсиите, а според патологот Дејвид Бејли, оваа алатка е вистинско откритие.

„Иновативната дијагностичка алатка со вештачка интелигенција е развиена од Ибекс Медикал Аналитикс и сега следува 12 месечен тест период. Алатката им помага на патолозите подобрувајќи ја точноста и ефективноста крајтејќи го времето кое е потребно за да се разгледаат сите биопсии ид асе потврди или исклучи постоењето на рак на дојка“ вели портпаролката на Националниот институт за здравје и нега.

Докторот Бејли додава дека ова е возбудливо откритие во дијагностиката и дека е најголем напредок во технологијата за време на неговата кариера.

Прочитајте и:  Мора да инвестираме во образование и регулација за ВИ да не нѐ остави на улица

Според него од промените и напредокот во технологијата бенефит ќе видат и докторите и пациентите, истакнувајќи дека вештачката интелигенција не пати од замор како луѓето.

Алатката била развиена користејќи алгоритам со податоци од преку 100 патолози низ светот.

Софтверот прави серија на проверки за рак на дојка, користејќи технологија да анализира ткива, помагајќи им на патолозите да ја откријат болеста побрзо и полесно.

За почеток, алатката ќе биде користена како безбедносна мерка, откако лекарите ќе направат извештај од биопсијата, а доколку тој тест е успешен потоа ќе се овозможи вештачката интелигенција прва да ги прегледува резутлатите, идентификувајќи ги клетките на ракот.

Извор: Би-Би-Си

- Реклама -