Еден од најдобрите текстови кои ги имам прочитано на интернет е „Весела веронаука“ потпишана од Бојан на анти-фундаменталистичкиот блог Сериозен мајтап. Темата за жал, е се` уште актуелна, но тоа не значи дека текстот се чита со помало уживање. Напротив.
Еден
од најдобрите текстови кои ги имам прочитано на интернет е „Весела
веронаука“ потпишана од Бојан на анти-фундаменталистичкиот блог
Сериозен мајтап. Темата за жал, е се` уште актуелна, но тоа не значи
дека текстот се чита со помало уживање. Напротив:
[Почнува најавната шпица и оди музиката од „Весела математика“ (нема потреба да се измислува топла вода – веќе имаме готов шаблон)]
Гоце Влахов [Учителот] пее: Апостоли, фараони, чуми и Вавилони; инцести, геноциди, догми и катехизми
Рефрен [Цел клас] пее: Веронаука!
[Транзиција од шпицата во импровизираната „училница“ во некое од студијата на МТВ; присутни се Учителот и Класот]
[Учителот]: Деца, денеска ќе учиме за шестата божја заповед: Не убивај. Оваа заповед не учи дека не смееме да убиваме.
Мартин, МНОГУ љубопитно дете]: А зошто не смееме?
[Учителот]: Затоа што Бог така вика.
[Пак Мартин]: Добро, ама зошто?
[Учителот]: Затоа што Бог ќе ни се налути.
[Елена, посветена ученичка и добра христијанка]: Ама нели Бог не сака и ни простува?
[Учителот]: Хахаха! Да, Еленче, Бог сите не сака. И тебе, и мене, па дури и Мартин. [сите се смеат]
[Гоце, палаво детиште, ама со добро срце]: Учителе, учителе! Ама вчера
кога мајка ми ме врза за столче и ме тераше да ја читам Библијата [сите
се смеат] јас прочитав дека Бог убивал и тоа цело време.
Текстот прочитајте го тука, а секако разгледајте го и целот блог.