Верувале или не: Јапонија предлага задолжително спиење на работа

Најновото истражување во Јапонија покажува дека поспаноста на вработените, која влијае на работната ефикасност, годишно јапонските компании ги чини дури 138 милијарди долари. Јапонските работодавачи, освен што се децидни дека нешто мора да се преземе, веќе го имаат и одговорот – воведување на задолжително спиење на работното место.

Тоа не значи дека работниците ќе мораат да дремнат додека се на работа, ниту дека ќе можат да дремнат на компјутерското биро, на пример. Не, задолжителноста се однесува на тоа дека работодавачот треба да обезбеди посебна соба за спиење, а секој вработен да има на располагање најмалку 30 минути за дремка во раните попладневни часови.

Предлогот е поднесен од здруженијата на работодавачи и јапонското Министерство за здравство, а некои јапонски компании уште веднаш го прифатија. IT компанијата Nextbeat, на пример, веднаш за своите вработени овозможи две, како што велат, „стратешки соби за спиење“. Собите се опремени со кревети и софи за спиење, но и со уреди за блокирање на врева и бучава. Внесување на лаптопи, таблети и смартфони во собите е најстрого забрането.

- Реклама -