Вертонген ги пецна Де Брујне и Азар – не можеме гол да дадеме, имаме престари офанзивни играчи

Белгија одигра лош натпревар во второто коло на Мундијалот и загуби од Мароко со 2-0, Белгијците во последното коло веројатно ќе мора да ја победат Хрватска за да се пласираат во осминафиналето.

Пред некој ден Де Брујне изјави дека Белгија нема шанси за трофејот бидејќи имаат многу стар тим, слична изјава даде и Еден Азар кој посебно ги посочи стоперите.
 
Искусниот Јан Вертонген по мечот со Мароко даде зајадлива изјава како одговор на она што го кажаа Де Брујне и Азар.
„Не создадовме доволно шанси. Мислам дека имаме квалитет да се надеваме на подобар резултат во третото коло, но очигледно дека напаѓаме лошо затоа што имаме престари офанзивни играчи“, изјави Вертонген.
- Реклама -