Верстапен ја обезбеди четвртата последователна титула


Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1 откако заврши на петтото место на трката за Големата награда на Лас Вегас.

Петтото место на трката за Големата награда на Лас Вегас беше доволно за холандскиот возач на Ред Бул да ја прослави севкупната победа пред официјалниот крај на сезоната, бидејќи неговиот британски ривал Ландо Норис ја мина целта во Мекларен веднаш зад Верстапен. Разликата меѓу нив сега е недостижни 63 бода на две трки до крајот.

Мерцедес се радуваше на двојна победа во спектаклот под рефлекторите во коцкарската метропола во Невада, Џорџ Расел триумфираше пред Луис Хамилтон. Тоа беше втора победа за Расел сезонава по Спилберг, а Британецот среќно извика по третата титула во. неговата кариера: „Вива Ла Вегас!“. Шпанскиот возач на Ферари, Карлос Саинц заврши на третото место на подиумот, пред тимскиот колега од Монако, Шарл Леклер.

Верстапен по минувањето на целта по ноќната трка, среде забава и коцкање, рече: „О Боже, каква сезона. Четири пати. Ви благодарам, беше малку потешко од минатата година“.

Со својата четврта титула, Верстапен им се придружи на Себастијан Фетел и Ален Прост, а досега само шест возачи освоиле четири или повеќе светски шампионати. Само Хуан Мануел Фанџо (5) и двајцата рекордни шампиони Михаел Шумахер и Луис Хамилтон (по 7 титули) победуваа повеќе од Верстапен.

Во преостанатите два тркачки викенди во Ката (1 декември) каде на програмата е последниот спринт годинава и Абу Даби (8 декември), единствена важна е победата во конструкторскиот шампионат. Ферари го намали заостанувањето до Лас Вегас, и Скудерија сега заостанува 24 поени зад Мекларен, додека Ред Бул Рејсинг веќе заостанува 53 поени.

- Реклама -