Кога дошло време Џон Гринвуд да и купи венчален прстен на вереницата, тој решил самиот да го изработи. Сметајќи дека нивната љубов заслужува нешто посебно, тој решил лично да го собере златото потребно за изработка на совршените прстени, а под „собере“, во случајов, подразбираме дека тој буквално пошол во планините во потрага по злато.
Опремен со тава, сито, лопатка и гребло, тој потрошил повеќе од година и пол, барајќи по дивите реки на Шкотските Планини. Кога конечно завршил со потрагата, тој имал собрано околу 70 грама злато. Собраното го однел на златар, каде што било стопено, а потоа биле изработени два прекрасни прстени, едниот за Џон, а другиот за неговата љубена, Мораг Ширер.
Еве го патот на златото од Шкотските Планини стигна до олтарот, низ слики:
Се чини дека операцијата е успешно завршена, макар што сигурни сме дека машките читатели лесно ќе ја насетат неговата генијално спроведена вистинска намера – да заштеди на една таква симболична баналност, како што е венчалниот прстен. 🙂