Дали вентилаторите се безбедни за користење?

Вентилаторите се одлично решение за рзладување на нашето тело кога е премногу топло. Електричните вентилатори се одлични за брзо, едноставно и евтино да се ладиме во текот на летото, но дали тие се здрави и безбедни за користење?

Сè уште нема доволно собрани докази за со сигурност да се потврди едното или другото, меѓутоа доказите кои ги имаме до сега укажуваат на штетноста на вентилаторите.

Истражувањето го спровела меѓународна непрофитна организација “The Cochrane Collaboration”. Тие во своето истражување заклучуваат дека вентилаторите се штетни по здравјето и дека не треба да се користат т.е дека вентилаторите наместо да го ладат всушност го загреваат телото.

На прашањето како е можно тоа – тие објаснуваат дека додека вентилаторот работи тој го поттикнува потењето, што го дехидрира организамот и предизвикува сериозен дисбаланс на електролити. Овој дисбаланс може да предизвика неправилно функционирање на срцето и крвните садови односно целото тело. Ова особено е опасно за старите луѓе, децата и хронично болните.

Истражувањето направило споредба помеѓу луѓето кои користеле и оние кои не користеле вентилатори. Според резултатите од истражувањето, научниците тврдат дека најопасно е да се користи вентилаторот на температури над 35 целзиусови степени.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -