Венчавале девојка во кома, па ги исклучиле апаратите кои ја одржувале во живот (Фото)

 

Хи Јингјинг и нејзиниот дечко Лу Лаи од Гуангдонг, во југоисточна Кина, се до 2011 година, биле еден од најсреќните парови кои нивното опкружување ги познавало. Пред две години Хи паднала во кома од кој а никогаш не се разбудила.

Непосредно пред тоа тие постојано размислувале како да го отстварат својот сон, да соберат доволно пари за да создадат дом и фамилија. Двајцата пронашле работа во локални фирми, купиле стан и биле подготвени за венчавка. Меѓутоа на  Јингјинг еден ден и се слошило на работа и се онесвестила. Итно била одведена во болница каде востановиле дека паднала во кома. Таа веќе никогаш не се разбудила. а лекарите дијагностицирале оштетување на мозокот и не можеле ништо да сторат.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

0833007.74
На денот кога и бил 28-от роденден, пред неколку дена, фамилијата и Лу Лаи донеле торта, ја украсиле собата и одржале мини церемонија. Како што рекле, сакале да и ја остварат животната желба, да се омажи.

Ништо од тоа не би било возможно ако нејзиниот вереник се откажал од неа и од верувањето во нејзиното заздравување.

– За мене, таа секогаш ќе биде жива. Секогаш ќе живее во моето срце, изјавил Лу.

0834007.74

Нејзините органи ќе бидат донирани на луѓето на кои што им се потребни, а семејството е многу среќно што на многумина, токму таа,  ќе им го спаси животот.

 

- Реклама -