Венчаница со дијаманти за 6,5 милиони долари

Британскиот дизајнер Џулијан Мекдоналдс претстави венчаница, накитена со дијаманти, која чини околу 6,5 милиони долари.

Таа е покриена со вистински дијаманти и слатководни бисери и е наменета за млади дами, кои сакаат да се чувствуваат навистина посебно во најважниот ден во нивните животи.

 

Фустанот е вклучен во колекција пролет-лето 2015 година на Јулијан и беше претставена во рамките на модната недела во Лондон.

 

Британскиот дизајнер, познат по своите прекрасни модни ревии, изјави дека неговата колекција  била инспирирана од морските сирени, кои што живеат во тропските мориња.

 

Моделите парадираа на модна писта во фустани со многу свила, чипка, флорални мотиви и везови.

- Реклама -