Ако некогаш сте посакале количка за бебиња која со неколку потези можете да ја претворите во велосипед, тогаш Taga Bike е она што го баравте. Овој производ, кој чини само околу 2300 долари изгледа како нормална количка со три тркала, но за помалку од 20 секунди може да се трансформира во трицикл со седиште за вашето бебе.

Производителите велат дека на овој начин родителите ќе можат да возат до продавницата или паркот и да го прошетаат своето дете, без да зависат од автомобилот. Претставник на производителот изјавил: „Ги комбиниравме забавата на велосипедот со функционалноста на количката. Во основа, ова е прекрасен начин да го искусите светот заедно со вашето бебе.
Дизајнот со три тркала ви дава стабилност и самодоверба. Најверојатно се прашувате што би правеле откако вашето дете ќе порасне, но дизајнот на велосипедот дозволува поставување на корпа на местото од бебешкото седиште, што значи дека вашата бебешка количка може да стане и количка за шопинг.