Велосипед со допинг (видео)

cancellaraОва видео објаснува како механичкиот допинг би можел да биде изведен. Механички допинг? Па тоа е кога ќе ставите мотор и батерии во велосипед, толку мали што никој не може да ги примети. Освен, се разбира, истренирано око кое веднаш ќе примети дека нешто не е во ред.

cancellara Ова видео објаснува како механичкиот допинг би можел да биде изведен. Механички допинг? Па тоа е кога ќе ставите мотор и батерии во велосипед, толку мали што никој не може да ги примети. Освен, се разбира, истренирано око кое веднаш ќе примети дека нешто не е во ред.

На силата која ја вложува велосипедистот, овој мотор додава уште 100 вати, кои во професионалниот велосипедизам одлучуваат за победа или пораз.

„Моторот се става во рамот каде што е прицврстено седлото и преку менувачот го активира вториот дел монтиран на лостот. Вграден е и празен од, така што при вртење на педалите наназад сè уште се произведува звукот. Управувањето на моторот е интегрирано во потпората на седиштето. Акумулаторот моментално е монтиран надворешно, на потпората на седиштето, но не би било проблем, со малку работа да се скрие во рамот,“ појаснува механичарот Салваторе Гамбино.

Професионалците во последниве години преземаат сè за да стекнат предност пред конкурентите, како на пример користење на кучешки хемоглобин или туѓа крв.

Во видеото подолу ќе видите како механичкиот допинг може да биде изведен. Тоа ја појаснува камуфлажата на моторот, а во вториот дел и изведбите на професионалниот велосипедист Фабиан Канчелара на „Обиколката околу Фландрија“ и „Парис-Рубе“, со слики кои можат да се сметаат за неоспорливи докази.

По обвинувањата, Фабиан Канчелара изјави дека единствениот мотор кој го поседува е во неговите нозе. Тоа го докажа и на овогодинешниот „Тур д’ Франс“ кога на прологот ја освои жолтата маичка и беше најдобар во генерален пласман. За жал, ја загуби по лошото време кое следеше во втората етапа вчера, но покажа лидерство кога ги соедини сите велосипедисти и заедно ја минаа целната линија во знак на протест за лошите услови на патот.

Во текот на годинешниот Тур д’ Франс ќе се употребат специјални скенери, за да се откријат евентуално скриени мотори. Aко навистина се манипулираат и велосипедите, тоа ќе значи и крај за велосипедизмот, спорт врз кој е фрлена голема сенка поради многубројните случаи со допинг.

Погледнете го видеото и одлучете сами дали се работи за механички допинг, или е ова само случај на необично забрзување.

{youtube}8Nd13ARuvVE{/youtube}

- Реклама -