Еден млад дизајнер смисли револуционерен велосипед на виткање кој ќе ги осуети обидите на крадците на велосипеди.
Еден млад дизајнер смисли револуционерен велосипед на виткање кој ќе ги осуети обидите на крадците на велосипеди.
21-годишниот Кевин Скот го дизајнира овој футуристички велосипед кој се витка за безбедено да се заклучи – без да се употребува ланец. Дипломецот од De Montfort Универзитетот употреби запчест механизам вграден во рамката на велосипедот што овозможи тој да се обвитка и заклучи околу улична светилка или нешто слично. Со ова сите компоненти на велосипедот се безбедни, а истиот може да се складира на многу мал простор, што е и целта на овој изум.
Рамката може лесно да се свитка и потоа повторно да се оспособи за возење. Скот се надева дека неговиот велосипед кој моментално е изложен на манифестацијата Young Designers 2 во Лондон ќе биде забележан и ќе му биде овозможено да го развива концептот и понатаму. [The incredible ‘bendy bicycle’: British designer, 21, invents a bike you can FOLD around a lamp post]