Овој велосипед е првиот велосипед во светот создаден со печатење, користејќи нова технологија. Велосипедот, кој е направен од најлон, е резултат на неверојатен проект и е цврст како челик но е 65 проценти полесен.
Научниците од Бристол го дизајнирале велосипедот на компјутер по што дизајнот бил испратен на печатач кој го создал велосипедот од слоеви стопен најлон. Деловите, запчаниците и педалите обично се произведуваат во различни фабрики и потоа се составуваат во конечниот производ, но овој производ Airbike е целосен производ. Тркалата, лагерите и оските се произведуваат во процесот на „растење“, познат како Additive Layer Manufacturing.
Airbike може да биде направен според спецификациите на корисникот, што значи дека нема потреба од подесување. За овој велосипед исто така не е потребно одржување или составување. Велосипедот е производ на Европската Група за Аеронаутичка Одбрана и Вселена во Филтон, во близината на Бристол. Методот за 3D печатење овозможува создавање на производи од најлон, пластики зацврстени со јаглерод или метали како титаниум, нерѓосувачки челик или алуминиум во форма на ситен прашок.
Саканиот производ се црта со помош на компјутер, се испраќа до печатачот кој е полн со материјалот во прав. Компјутер го дели 3D дизајнот во многу 2D слоеви по што ласер го топи материјалот кој се распоредува по слоевите. Секој слој е прекриен со следниот слој. За овој процес е потребна само околу една десетина од материјалот кој би бил потребен за традиционалните форми на производство со што се намалува непотребниот трошок. [Go on, print me a bike! The technology that enables a computer to run off a full-working cycle]