Вегетаријанците се изложени на поголем ризик од физички и психички болести, покажува новото истражување. Австриските научници докажаа дека вегетаријанската исхрана во која има слаб прием на заситени масти го зголемува ризикот од рак, алергии и психички заболувања, како депресија и анксиозност.
Во истражувањето учествувале 1320 лица, од кои 330 вегетаријанци, 330 кои консумираат месо и многу зеленчук, 330, кои се хранат со малку месо и 330 лица кои јадат месо секој ден.
Резултатите покажуваат дека луѓето кои консумираат помалку месо многу ретко бараат лекарска помош. Вегетаријанците консумираат помалку алкохол и имаат мала тежина, но сепак имаат помалку физичко и ментално здравје.
„Нашето истражување покажува дека возрасните Австријци, кои се вегетаријанци, се помалку здрави, имаат лош квалитет на живот и почесто имаат потреба од медицинска помош”, вели еден од раководителите на студијата.