1 Ноември е светскиот ден на веганството
Светскиот ден на веганството се одбележува од 1994 година и е втемелен од страна на Луиз Вализ, тогашната претседателка на британското Веганско друштво, со цел да го сврти вниманието врз сочувството кон животните.
Веганството е начин на исхрана и животен стил во кој не се користи храната и облеката од животинско потекло, а оние што го практикуваат се викаат вегани.
Веганската исхрана е базирана на житарици, мешунки, овошје и зеленчук. Веганите не јадат месо, риба, морски плодови, јајца, млеко, млечни производи, мед и не носат работи од крзно, волна, кожа, ниту какви било материјали од животинско потекло.
Веганството се разликува од вегетаријанството со тоа што е сведено во потполност на растителна храна, додека вегетаријанците јадат и некои производи од животинско потекло, кога при добивањето на тие производи животните не се убиваат, на пример јајца, мед, млеко и друго.
Светскиот ден на веганството ги повикува веганите, оние што се стремат кон исхраната без состојки од животинското потекло, како и сите останати да го одбележат овој ден и да уживаат со своите семејства, пријатели и колеги во вкусните вегански јадења.
За потсетување, на 27 септември годинава се одржа првиот вегански пикник во Македонија.