Ватикан конечно им прости на Битлси

Повеќе... После 40 години Битлси конечно добија прошка за изјавата дека се попопуларни од Исус. 


lennon-yoko.jpg

После 40 години Битлси конечно добија прошка за изјавата дека се попопуларни од Исус. 

Познатата изјава на Џон Ленон од мај 1966 предизвика доста контраверзи во тоа време, што резултираше со тоа што конзервативните христијани ги палеа албумите на Битлси. Но неодамна, официјалното гласило на Ватикан, L’Osservatore Romano, кој е рефлексија на мислењето на највисокиот врв на Римокатоличката црква, ја обележа 40 -годишнината на Белиот албум на Битлси и ја нарече таквата порано контраверзна изјава – духовита досетка. Уште повеќе, овој двоен албум го нарече „магична музичка антологија“ од „бендот со многу талент“, а изјавата на Ленон била резултат на „млад човек од ниската класа понесен од неочекуваниот успех“. Понатаму во гласилото стои дека само „снобови нема да ја признаат музиката на Битлси  која се покажа отпорна на времето“. 

Прочитајте и:  Свештеникот кој дозволи снимање спорен спот во црква, расчинет поради проневера

Во познатата изјава на Ленон која му ја даде на новинарот на London Evening Standard во 1966, тој рече дека христијанството ќе исчезне,  Битлси се повеќе популарни од Исус и дека не е сигурен што ќе исчезне побрзо – рокенролот или христијанството. Подоцна Ленон се обиде да ја ублажи оваа изјава тврдејќи дека сакал да каже дека Битлси имаат поголемо влијание врз младите, одошто Исус. 

- Реклама -