Ватерполистите на Србија и Хрватска се пласираа во полуфиналето на ОИ (ВИДЕО)


Репрезентацијата на Хрватска приреди големо изненадување во четвртфиналето и ја елиминираше Шпанија со резултат 10-8.

Најзаслужен за победата беше Бијач кој имаше дури 50% успешност на одбраните. Најефикасни беа Фатовиќ, Јоковиќ и Харков со по два гола.Во полуфиналето Хрватска ќе игра против подобриот од мечот Италија – Унгарија.

Ватерполо репрезентацијата на Србија се пласираше во полуфиналето од Олимписките Игри откако со 12-11 ја совладаа Грција благодарение на гол во последната секунда.

Беше 11-11, се чинеше дека победникот ќе го решаваат петерци, но од голема далечина, капитенот Никола Јакшиќ погоди во последните секунди за победа на Србија вредна полуфинале. Србите во полуфиналето ќе играат со подобриот од САД и Австралија.

- Реклама -