Со цел да за задржите цврстината на вашите гради, многу е важно да носите удобен спортски градник за време на физичките активности при вежбањето.
Тој ќе спречи вашите гради да се опуштат.
За убави и цврсти гради правете ги следниве вежби кои можете да ги правите дома.
Застанете пред ѕид и потпрете се на него со двете раце. Вашите раце нека бидат на височина на рамењата. Нозете, исто така, можете да ги раширите во рамнина на вашите рамења, а потоа навалете го горниот дел од телото на ѕидот и вратете се во првобитната поза.
Вежбата повторете ја 12 пати и правете ја три пати неделно.
Во видеото подолу погледнете уште едноставни вежби за поубави и поцврсти гради!