Доминик Вилкокс е уметник/дизајнер кој прави интервенции на секојдневните објекти давајќи им една нова димензија на нештата од секојдневието кои обично ги земаме здраво за готово.
Доминик Вилкокс е уметник/дизајнер кој прави интервенции на секојдневните објекти давајќи им една нова димензија на нештата од секојдневието кои обично ги земаме здраво за готово.
Неговата „Направа за пред-ракување“ е, според описот на уметникот, продукт кој ќе го олесни помирувањето помеѓу оние кои не се во добри односи: „Многу луѓе во светот изгледа дека се во некаква војна. Гледаме семејства кои се разделуваат заради несогласувања, војни на уличните бандите, раскарани политичари, цели цивилизации и религии во постојан конфликт. Оваа направа е со цел да им помогне на оние меѓу кои има несогласувања да го направат првиот чекор кон помирувањето.
Традиционалното ракување понекогаш може да биде премногу голем чекор за оние кои не можат да ја надминат меѓусебната омраза. Без разлика колку е важно за двајца луѓе да ги надмината разликите тие едноставно не можат да ја „голтнат“ својата гордост и да паднат толку ниско прифаќајќи го симболизмот на ракувањето со другата страна. Го дизајнирав овој продукт со цел да им понудам на тие луѓе една поприфатлива алтернатива.“
Разгледувајќи го неговото портфолио наидовме и на некои други интересни интервенции и необично дизајнирани предмети од кои некои изгледаат навистина практично, како на пример лепенката против кражби за велосипеди и автомобили,
и искрени печати.
Целото портфолио погледнете го тука.