Вардар убедлив против Тетекс, Шкендија и Металург одиграа нерешено

Вардар со 3-0 славеше над Тетекс и ја продолжува трката за титулата со Турново, Металург се одалечи од врвот откако одигра реми на гостувањето кај Шкендија.

На натпреварот одигран во Ѓорче Петров, Вардар со убедливи 3-0 го победи Тетекс.

Натпреварот беше отворен по само пет минути игра со гол на Јован Костовски.

Продолжението од натпреварот изобилуваше со бавна и анемична игра од двата тима.

Во 67. минута Цикарски добро се снајде пред голот на Тетекс и зголеми на 2-0, конечните 3-0 ги постави Костовски во 88. минута со својот втор погодок на натпреварот.

Металург одигра нерешено на гостувањето кај Шкендија 1-1, и сега заостанува четири бода зад лидерот Турново и три зад Вардар.

Металург поведе со голот на Драговиќ во 8. минута, по седум минути игра во второто полувреме Таипи изедначи на 1-1.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -