Вардар со убедлива победа ја почна новата сезона

Бранителот на трофејот, Вардар со 4-1 ја победи Македонија Ѓорче Петров во првото коло од новата фудбалска сезона, убедлив беше и Турново кој со 3-0 ја совлада Шкендија во Тетово.

Вардар немаше посериозни проблеми против Македонија Ѓорче Петров, Црвено – црните победија со 4-1.

Херој на Вардарци беше Јован Костовски кој постигна хет-трик, ова можеби беа и неговите последни голови во црвено-црниот дрес бидејќи постои реална можност напаѓачот да направи трансфер во странство.

Бојовиќ му донесе водство на Вардар, а Адем од пенал го постигна единствениот погодок за Македонија Ѓорче Петров.

Хоризонт Турново со 3-0 победи на гостувањето кај Шкендија во Тетово.

Балдовалиев беше двоен стрелец, еднаш реализираше Блажевски.

Во градското дерби помеѓу Металург и Работнички немаше погодоци.

Пелистер со голот на Драгарски го совлада дебитантот во Првата лига, тимот на Еуромилк Горно Лисиче.

Со истиот резултат Брегалница победи на гостувањето кај Гостивар, стрелец беше Аксентиев.

Напредок и Ренова одиграа нерешено 1-1.

Гостите поведоа со голот на Емини, израмни Мојсовски во финишот од натпреварот.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -