Вардар обезбеди опстанок во Првата лига


Вардар успеа да обезбеди опстанок и ќе го гледаме во Првата македонска фудбалска лига и во натпреварувачката 2024/2025.

Најтрофејниот македонски фудбалски колектив ја доби бараж пресметката со Детонит Плачковица која се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. Скопскиот тим го оправда статусот на фаворит и славеше со 2-0 со голови кои беа постигнати во завршницата на првиот дел.

Резултатот го отвори дефанзивецот Ѓуриќ во 42. минута за да во судиското продолжение стрела и Сушњара за зголемување на предноста.

Вардарци во вториот дел се решија за одбрана на резултатот, противникот се обидуваше, ама не успеваше да го загрози нивниот гол.

- Реклама -