Вардар ја потопи Шкендија

Вардар со 6-1 ја прегази екипата на Шкендија на Филип Втори Арената, Никола Илиевски Џиџи ја забележа првата победа како тренер на Црвено-црните.

Доколку се земат во предвид подготвителните натпревари и дуелот со Пелистер во Битола, може да се каже дека Вардар одигра изненадувачки добро против екипата на Шкеднија и ја декласираше со високи 6-1.

Тоа беше и првиот триумф на Никола Илиевски Џиџи како шеф на стручниот штаб на Вардар.

Ацо Стојков имаше одлично деби, два пати се запиша во листата на стрелците.

Вардар поведе во 14. минута кога по центаршут од Ѓоргиев, Костовски ја смести топката во мрежата на Шкендија за водство од 1-0.

Во 38. минута Шкендија преку Ејупи го изедначи резултатот на 1-1, но потоа следуваше гол шоу на Вардарците кои за четири минути постигнаа три погодоци.

Најпрво Стојков во 42. минута постигна убав гол и го врати водството на Вардар, во 45. Стјепановиќ од 40 метри го лобуваше истрчаниот голман на Шкендија, а во следниот напад Стојков зголеми на 4-1.

Во 64. минута Лазаревски постигна прекрасен гол од слободен удар, а конечните 6-1 ги постави Филип Петров во 83. минута.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -