Вардар и Интер во трка по индонезискиот Меси!? (видео)

Изгледа неверојатно, но индонезискиот фудбалер Андик Вермансајх изјави дека Вардар се интересира за неговите услуги, талентираниот играч се поврзуваше и со Интер.

Вардар, Интер, Бенфика и Новара се интересираат за услугите на индонезискиот “Меси”, Андик Вермансајх.

Талентираниот 21-годишен фудбалер за индонезискиот веб сајт Tempo, откри дека Вардар е еден од клубовите кои се интересираат за него.

„Неколку клубови се интересираат за мене, а еден од нив е и Вардар од Македонија. Немам досега официјални контакти со луѓето од овој клуб, но има време за тоа бидејќи сеуште сезоната е во тек” – изјавил Вермансајх.

„Досега немало интерес за индонезиски фудбалери од Европа, но повеќе не е така. Полека почнувам да размислувам за трансфер во некој европски клуб”.

Во наредниот период останува да видиме дали актуелниот македонски шампион навистина пројавува интерес за овој талент и планира посериозно да го засили тимот со цел да биде поконкурентен во квалификациите за европските натпреварувања.

[youtube]http://youtu.be/0pSsZ-eqU9U[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -