Со гол на Филип Петров, Вардар со минимални 1-0 ја совлада екипата на Тетекс и го освои македонскиот Суперкуп.
Вардар влезе како голем фаворит во Суперкуп натпреварот против Тетекс, но не стигна лесно до трофејот.
Црвено црните имаа повеќе од натпреварот, ја имаа иницијативата, креираа шанси за гол, но само еднаш успеаа да реализираат.
Тетовчани имаа свои можности, но на крајот мораа да му честитаат на фаворитот.
Клучниот момент се случи во 54. минута кога Филип Петров го постигна погодокот кој значеше трофеј за Вардар.
Натпреварот се одигра пред речиси празни трибини, Војводите и Комитите од различни причини го бојкотираа овој дуел, па на Филип Втори беа присутни само неколку стотини гледачи.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал