Вардар најавува – Бате ќе падне во Скопје!

Фудбалерите на Вардар се максимално подготвени за одмазда и со нетрпение го очекуваат реванш дуелот од квалификациите за Лигата на шампионите против Бате Борисов.

Несреќниот пораз и двата примени гола во самата завршница не ги исфрли од ритам членовите на македонскиот првак, коишто најавуваат добра игра и елиминација на ривалот што во минатата сезона беше дел од Лигата на шампионите.

„Многумина го потценуваат Вардар, тоа беше очигледно и пред првиот натпревар, кога многумина однапред го отпишаа нашиот тим. Сепак, тоа е само мотив повеќе за нас, да играме најдобро што знаеме, да го дадеме максимумот и да дојдеме до резултатот што го посакуваме. Нормално дека нема да биде лесно, нè смее да не фати еуфорија, ќе треба да играме мудро, но верувам дека на крајот ќе се радуваме заедно со сите наши навивачи“ изјави капитенот на Вардар, Милан Илиевски.

Прочитајте и:  Внимание: Како се справувате со аерозагадувањето и што најмногу го загадува воздухот?

Сличен е ставот и на најдобриот фудбалер на „Вардарци“ на првиот меч, Остоја Стјепановиќ, кој најавува дека „Црвено-црните“ ќе одиграат уште подобро отколку во Борисов.

„Очекувам да играме многу подобро отколку на првиот меч, тоа е нормално бидејќи кај нас сезоната уште не е стартувана и логично е формата на тимот да се движи во нагорна линија. Има простор за напредок и кај средниот ред, но и во функционирањето на сите линии, очекувам бодрени од верните навивачи да прикажеме одлична игра и да го совладаме БАТЕ, без оглед на фактот дека станува збор за екипа што се наоѓа во добар натпреварувачки ритам бидејќи шампионатот во Белорусија веќе извесно време е во тек“ порача Стјепановиќ.

- Реклама -