Неуспехот со Арсенал да триумфира во Премиерлигата му нанел голема болка на Ван Перси, па Холанѓанецот е среќен што конечно тоа ќе биде минато.
Напаѓачот, кој осум години беше дел од Арсенал, има само еден трофеј во дресот на ’Топџиите’, во 2005 тимот од Северен Лондон го освои ФА Купот.
Во својата прва сезона на Олд Трафорд, Робин ван Перси сега е на чекор од титулата од Премиерлигата, па напаѓачот е среќен што конечно ќе му се израдува на овој трофеј.
„Убаво е што веројатно за прв пат ќе го освојам првенството” – рече Ван Перси. „Навистина треперам”.
„Тоа што претходно немав освоено титула ми донесе голема болка, и навистина бев потиштен”.
„Но сеуште ништо не е готово. Имаме неколку незгодни натпревари, минатата сезона, Јунајтед прокоцка добра предност”.
„Сепак, мислам дека сме многу блиску до титулата, и навистина сум среќен со тоа”.
Ван Перси открива дека добил добар совет од Рио Фердинанд, кој во еден период од кариерата исто така стравувал дека никогаш нема да биде шампион.
„Во последно време, јас сум шоферот на Рио” – продолжи напаѓачот.
„Ми кажа дека имало периоди кога и тој мислел дека никогаш нема да стане шампион”.
„Полудел од таквата помисла. Но ми рече, ’доколку го освоиш првиот…, чуството е толку добро, па ќе сакаш само повеќе. Тоа потоа станува стандард, единствено нешто што се рачуна. Се што е под тоа, повеќе не е доволно добро’. Рио морал да чека долго време пред да стане шампион, а исто и јас”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.