Споредувајќи го придонесот на водечките напаѓачи на Премиер – лигата во нивните последни 100 натпревари, англискиот „Дејли Мејл“ ја прогласи ѕвездата на Манчестер јунајтед, Холанѓанецот Робин ван Перси за најдобар напаѓач во англиското фудбалско првенство.
На Ван Перси му „конкурираа“ неговиот клубски соиграч Вејн Руни, напаѓачот на Манчестер сити, Карлос Тевез, напаѓачот на европскиот првак Челзи, Фернандо Торес, како и Џермејн Дефо и Дарен Бент од Астон Вила.
Во последните 100 настапи, Робин Ван Перси постигна 73 гола и имаше 29 асистенции, или по еден гол на секоја 109,9 минута. Најмногу голови (66) Холанѓанецот постигна од казнениот простор, од кои 43 со лева нога.
На второ место е Руни со 65 гола и 25 асистенции, односно просек од еден гол на секои 125, 9 минути. Трет е Тевез со 55 гола и 21 асистенција, а по него следат Бент со 47 гола и 3 асистенции, и Дефо со 40 гола и 9 асистенции. Најлош резултат има Торес, кој на сто настапи постигна 31 гол и 11 асистенции.
– Знаев кого го купувам. Ван Перси е играч кој создава разлика на теренот. Неговата статистика е одлична и го направивме вистинскиот чекор кога го купивме – вели менаџерот на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон.