Валбуена проговори за уцената на Бензема

Францускиот репрезентативец Матје Валбуена, конечно проговори за уцените упатени од неговите колеги, Бензема и Сисе.

benzema

Наводно Бензема му советувал да им плати на луѓето кои го уценувале со секс снимка, па дури толку многу сакал да му „помогне“ што му предложил да се види со негов пријател на кој би му ги дал парите.

Тука на Валбуена ситуацијата му станала сомнителна, па кога конецот комплетно се одмотува сфаќа дека е изигран од неговиот репрезентативен колега.

„Не зборуваше конкретно за пари и не беше агресивен, но кога ме посоветува да се видам со човекот, тука ми стана сомнително. Сега сум сигурен дека ме изигра и направи будала од мене“, изјави Валбуена.

Само да потсетиме дека во овој случај е вплеткан и Жибрил Сисе, поранешниот француски репрезентативец кој беше исто така уапсен од страна на француската полиција.

Доколку се потврди дека тие се сторители на ова дело, можат да се соочат со затворска казна до 5 години.

- Реклама -