Вака изгледаат панталони стари 3 милениуми!

Панталоните кои што се пронајдени во автономната област Шинјанг, на северозапана Кина најверојатно се најстари пронајдени предмети од овој вид, стари околу 3.300 години, а изработени на почетокот на ерата на јавањето.Археолозите кои ја истражувале гробницата Јангхаи во Кина, пронашле нешто сосема неочекувано, најстариот пар панталони во историјата на човештвото. Се верува дека облеката е пронајдена во гробница стара најмалку 3.000 години, но без оглед на својата старост, се уште е во одлична состојба.

Стариот предмет е пронајден во гробницата на двајца мажи кои веројатно починале на петтата деценија од својот живот.

Според нивната облека, веројатно биле сточари, но истовремено и војници. Меѓу другите предмети имало парче дрвен коњ, борбена секира и лак.

- Реклама -