Вака изгледа „затворот“ на Мурињо во Манчестер

charlesfortesuite-piano-lrg

Порано неделава, Жозе Мурињо изјави дека неговиот животот во Манчестер му е катастрофа, алудирајќи на неуморните папараците кои го следат насекаде низ северниот англиски град. Во интервјуто за британскиот весник Daily Telegraph, во вторникот, Мурињо се пожали дека е принуден да седи затворен во хотелската соба и дека не смее дури ни да пропешачи слободно по улица.

manc1[1]

Ова признание го поттикна Daily Telegraph да се заинтересира како точно изгледа овој „затвор“ на познатиот тренер, кој престојува во хотелот Lowry – хотел со пет ѕвезди во Манчестер. Иако од хотелот не потврдуваат која е собата на Мурињо, британскиот дневен весник прави интересна претпоставка: Каде би престојувал човек со годишна плата од 13.8 милиони фунти?

manc%202[1]

„Само на најдоброто можно место“, теоретизира весникот. А во Lowry Hotel, тоа е Charles Forte Suite – луксузен апартман со површина од 145 метри квадратни, со сопствена трпезарија, спална, бања во италијански стил, и други удобности. На сајтот на хотелот, апартманот е дефиниран како „најлуксузното место за престој во Манчестер“. Ноќевање во апартманот чини 2100 фунти (околу 2.570 долари).

manc3[1]

Daily Telegraph баш детективски му се вдал на „случајот“. Така на пример, открива дека следниот датум на кој апартманот ќе биде слободен е 2 ноември – токму кога тимот на Манчестер Јунајтед ќе лета кон Турција за натпреварот од Лига Европа со Фенербахче. Па, по сé изгледа, случајот „Каде престојува Мурињо“ е решен.

manc4[1]

- Реклама -