Вака изгледа обичен чамец. Но, погледнете како изгледа чамец кој лутал три години низ океанот

Минувачите на пацифичкиот брег кај државата Вашингтон во САД беа особено изненадени кога плимата исфрлила еден мошне необичен чамец.

Пловилото кое во целост било прекриено со алги, оддавало впечаток дека со години лутало над океанот, но експертите имаат поинакви претпоставки за тоа од каде потекнува и како завршило во САД.

464832_camac-01_f

Чамецот бил пронајден од страна на еден полицаец кој случајно шетал покрај брегот, а гледката делувала нереално. Кајче, целосно прекриено со богата подводна вегетација и школки.

464838_camac-02_ff

Со оглед на тоа што на чамецот можеле да се забележат јапонски букви, претпоставил дека потекнува од Јапонија, од времето на страшното цунами во 2011-та година. Тоа значи дека кајчето поминало речиси 6.500 километри.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Експертите од Одделението за екологија земале примероци од чамецот, а резултатите ќе бидат објавени после една седмица.

464839_camac-03_ff

- Реклама -