Вака изгледа неверен маж!

Може ли неверните мажи да се препознаат само со поглед? Според сексологот Трејси Кокс, жените се способни за тоа.

Една неодамнешна студија покажа дека жените треба само добро да го погледнат неверниот маж за да го откријат. Истражувањето, спроведено минатата година, покажало дека жените може да препознаат неверен маж по само три секунди гледање во негова фотографија, пишува DailyMail. Мажите, пак, ја немаат оваа способност.

Како изгледа неверниот маж?

Користејќи комбинација од резултатите од Сианг Мејн, древна кинеска уметност на читање на изразите на лицето, други студии, научни истражувања и говорот на телото, сексологот Кокс направила портрет како би можел да изгледа неверниот маж.

Висок е. Ниските мажи имаат ниско ниво на тестостерон па полесно можат да им одолеат на сексуални афери.

short_1477545c

Големо растојание меѓу очите. Постои корелација меѓу неверството и растојанието на очите кај мажите. Што е поголемо тоа растојание мажот побрзо се задоволува и се заситува па потешко му е да одолее на предизвиците. Најсигурен избор се мажите со мало растојание меѓу очите затоа што тој тип на мажи кога еднаш ќе се врзат многу тешко се одлучуваат на неверство.

Има густи веѓи.Ретките веѓи се изедначуваат со ниска сексуална желба. Дебелите и густи веѓи упатуваат на претерано нагласена сексуална желба.

Има развиени мускули.Мажите кои одат во теретана само затоа што сакаат добро да изгледаат, а не поради здравје често пати телото го користат како „огледало“.

Hugh-Grant-007

Има коса како Хју Грант. Мажите кои имаат кратка коса од страна, а подолга во предниот дел многу често се непоправливи неверници. Резултатите од истражувањето упатуваат на тоа дека мажите со ваква фризура се често себични и ориентирани кон себе, па така се склони на неверство и воопшто не ги интересира како тоа ќе влијае на нивната партнерка.

Освен ова неверните мажи пијат многу, имаат лице во квадратна форма и големи тестиси.

Што ако вашиот партнер изгледа токму вака?

Немојте веднаш да ја прекинете врската. Студиите спроведени на вакви теми често пати се различни и контрадикторни. Како и да е, проверете го својот маж, а ако поседува неколку од набројаните карактеристики, добро е да го држите на око, вели Трејси Кокс.

 

- Реклама -