Хитлер тврдел дека е сиромашен, но тој сокрил милијарди на сметките во Швајцарија.
Тој бил откриен благодарение на историчарите кои што го следеле трагот на неговите пари преку даночни документи и документации од банки, а според сите се проценува дека Хитлер имал 1,1 милијарда германски марки, што е еднакво на 4,5 милијарди евра.
Тој ги убедувал Германците дека нема сметка во банка, а всушност затаил многу пари со неплаќање на данок.Така во тестаментот кој што го напишал пред својата смрт, Хитлер своето скромно богатство и го предал на партијата затајувајќи ги витиснките бројки, а истовремено барал од државата неговите роднини да имаат доволно пари и да и припаѓаат на средната класа.
Тестаментот го откриле сојузнички војници, кога еден нацист се обидел да го изнесе од државата.
Сепак некогашниот британски шпион, Херман Ротман тврди дека Хитлер ги сакал парите, а во прилог на тоа е и фактот според кој нацистичкиот лидер авторски ја заштитил својата фотографија, така што секогаш заработувал како на пример кога било испраќано писмо со поштенска марка на која што е неговиот лик.