Вајгл: Третирањето на Македонија „во пакет“ со Албанија е застранување од принципите на ЕУ

Иво Вајгл и Едвард Кукан, двајцата пратеници кои одблизу ја следат Македонија во Европскиот парламент со години, чувствуваат делумна разочараност околу условеноста и долгото чекање, но и многу надеж околу одлуката што ќе ја задржи Македонија, сметаат тие, на реформскиот пат и следната година.

Вајгл, како известувач за Македонија во Европскиот парламент, испрати и писмо до неговите колеги пратеници утрово, во кое ја изразува својата разочараност, не толку од министрите, колку од застранувањето на ЕУ од своите принципи. Пред сé, Вајгл го истакнува принципот на сопствени заслуги. Со други зборови, смета дека е нефер што Македонија и Албанија се разгледуваа(т) во пакет.

„Не е фер за земја која повеќе од една декада се наоѓа во чекалната поради добропознатиот спор со името, решен неодамна и основан на тешки компромиси, да се разгледува заедно со Албанија како ‘дуо’“, пишува Вајгл, додавајќи дека двете држави се многу различни.

Прочитајте и:  Блумберг: Европа ќе мора да ги удвои трошоците за одбрана поради војната во Украина

И Едвард Кукан смета дека е важно да се задржи принципот на сопствена заслуга и покрај тоа што Европската комисија „сака да преговара со групи земји“. Таквиот пристап, овој вториот,„не е фер“, вели тој.

Сепак, и двајцата сметаат дека Македонија ова треба да го сфати како охрабрување за да продолжи со реформите, кои ќе бидат мониторирани од Комисијата.

Извор: МИА

 

- Реклама -