Вадње цена од поклон со фен

Како да извадиш цена од подарок? Уште збунети од апсурдот на прашањето, одговараме – со одлепување. Фино, ама имало и друг одговор што се однесувал на оние “потврдокорните” налепници што не се даваат. Финтата била во фенот.

Тоа иде вака, вклучувате фен и го центрирате топлиот воздух во налепницата, на околу 30 до 60 секунди, а потоа полесно ја вадите налепницата.

Употребете гума за бришење за да ги отстраните лепливите остатоци на местото каде што се наоѓала налепницата. Потоа површината исчистете ја со ацетон, и готово!

- Реклама -