Утринскиот секс ја зголемува плодноста, додека вечерниот ги намалува тензиите по долгиот работен ден. Сексолозите составија листа со придобивките и негативностите од сексот во различно време од денот.
Сексот наутро ја намалува опасноста од срцев удар за 50 проценти. Тој исто така ја подобрува и циркулацијата и ја намалува главоболката, болките кај артритис, а воедно е и одлична превенција од дијабетес.
Наутро квалитетот на спермата е многу подобар. Покрај тоа будењето со партнерот ја подобрува циркулацијата на крвта и ја зголемува концентрацијата. Со утринскиот секс се одделува хормонот на среќата окситоцин што ви обезбедува добро расположение во текот целиот ден.
Истражувањата исто така покажуваат дека тој го подобрува имунитетот.
Најголемиот непријател на утринскиот секс е лошиот здив, а исто така недостатокот на време, поради што љубовната игра речиси недостасува. Вечерниот секс, освен што ќе ве расположи по долгиот ден, согорува многу повеќе калории – од 75 до 150 само за половина час. Токму поради тоа поголемиот дел од жените ги избираат ноќните милувања.