Утре e подготвителното рочиште, сите лаги на Ковачки против неа ќе бидат разобличени – вели Петровска

„Утре со почеток во 10:40 часот во Основен суд 1 ќе се одржи подготвителното рочиште за судскиот спор кој го иницирав против искажаните невистини на Драган Ковачки кон мене“, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска на Фејсбук.

Таа повтори дека ќе бара судењето да биде јавно и уверува дека сите напади и обвинувања врз неа од страна на Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат разобличени.

„Како што ветив, ќе побарам судењето да биде транспарентно и јавно, а сите лаги кои Ковачки ги измисли против мене во изминатиот период, ќе бидат разобличени“, пишува Петровска.

- Реклама -