Apple уште еднаш навлегува во судска процедура за патенти – овој пат со универзитет од Тајван.
Тајванскиот Национален Ченг Кунг Универзитет поднел тужба за кражба на патент против Apple во американски суд. Субјект на правната битка е Сири, „интелигентниот“ личен асистен во iPhone. Сири користи систем за препознавање на говор за да им помогне на корисниците.
Националниот Ченг Кунг, кој бара финансиска компензација, тврди дека Apple украл два американски патенти кои универзитетот ги поднел во 2007 и 2010 година. „NCKU претрпе монетарна штета и ќе продолжи да страда во иднина освен ако Apple не биде казнет од судот“ пишува во судските документи. Винстон О. Хаф, адвокатот на универзитетот, ја поднел тужбата минатиот петок.
Јама Чен, правниот менаџер на Универзитетот изјавил: „Поднесовме тужба во судот во Тексас бидејќи таму тужбите минуваат побрзо и судот најчесто носи одлуки во корист на сопственикот на патеното и дава поголеми компензации.“
Оваа тужба е уште една во серија правни битки на Apple. Apple и Samsung во моментов се тужат за патенти поврзани со дизајнот на таблетите. Нивната правна битка започна овој понеделник. [Taiwan university sues Apple over speech-recognition patents]