Веројатно не постои жена што во својот живот не употребила црвен кармин, но кога се очите во прашање, оваа боја најчесто ја практикуваат само најхрабрите.
Ако сепак се одлучите за декадентен изглед во црвено, што значи дека бојата ќе ја употребите на очите, усните и на ноктите, тогаш оваа сезона е вистинскио време за да бидете креативни пред огледалото. Пролетва монохроматските бои се навистина доминантни кога е изгледот во прашање, а меѓу нив убедливо се вбројува и вечната црвена боја.
Доколку не поседувате сенка во црвена боја, едноставно нанесете црвено руменило на капаците во дебел слој. За изгледот да не биде пренападен, сенката за очи нека биде барем неколку нијанси посветла од онаа на карминот за усни и лакот за нокти, или обратно. Помалку храбрите може да одберат сјај за усни, кој дава посмирен изглед.
За вечерните пригоди, карминот за усни во црвена боја со метален сјај може слободно да го нанесете на капаците на очите, кој ќе направи да отскокнувате во темнината на ноќта. Не заборавајте дека така вашите очите ќе бидат доминантни и затоа комбинирајте ги со блед, неутрален кармин.